МОТИВОТ ЗА НОВАТА ПОЛИТИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА

Македон

Македонската држава престана да претставува македонска, по настанот „27-ми Април“, кој се случи 2017-та година, бидејќи се прекина државно-правниот континуитет со АСНОМ, а за тоа сведочат и стенограмските записи од Собранието, коишто говорат за прекин, и почеток на некоја нова квази-државотворност, која започна да го добива својот антиасномски и антимакедонски, односно „северномакедонски“ облик, преку „договорот“ со Р.Бугарија и „спогодбата“ од Нивици со Хеленската Република, а во посредство од ЕУ заедно со активното внатрешно вмешување и учество од амбасадата на САД.

Така, од настанот „27-ми Април“ па до денес, државата, којашто беше спечалена од вековната борба и крвавата жртва на Македонскиот Народ, сведочиме како таа се претвори во обичен систем на грабеж во полза на постојните партии, и во полициска држава, за исполнувањето на интересите на антимакедонската коалиција и за угнетувањето на Македонците!

Затоа, од голема егзистенцијална важност за Македонскиот Народ, е создавањето на структурата од луѓето кои на ум го имаат искреното македонствување, структура која ќе утврди нова политичка организација, и која ќе ја освои позицијата на политичката власт во државата, со цел ефективното враќање на уставниот поредок во првобитната состојба од пред април 27, 2017-тата година, поништувањето на сите државно-правни акти, донесени по 27-ми април 2017-тата година, донесени од државата, со тоа и враќањето на легитимното државно име „Македонија“, ослободувањето на Уставобранителите осудени со политичкиот судски случај, и крајно создавањето на посебното Одделение во рамките на Јавното Обвинителство коешто ќе ги гони сторителите на велепредавствата и другите кривични дела против државата предвидени согласно КЗ, за да се задоволи правдата (Дика) и да се даде суров пример за никогаш повеќе велепредавства!

Затоа вмрежи се и придонеси во македонската филаделфија!

МАКЕДОН НИКА!

ПО Македон
Политичка организација на Македонците

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ

© ПО МАКЕДОН. СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ.